Скандал во БиХ: Менаџер купил место во репрезентацијата за свој фудбалер

1 min read

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја тресе скандал поради изборот за играчи на натпреварите.
Како што објави Н1, еден менаџер купил место во репрезентацијата за свој фудбалер и тоа за пријателскиот натпревар против Костарика кој се играше во март годинава.

Телевизијата Н1 дојде до преписката во која менаџерот се фали како успешно ја завршил работата за својот фудбалер и дека сигурно ќе игра барем едно полувреме против Костарика.
„Мора да биде повикан и мора да брани на пријателскиот натпревар против Костарика на 27. март. Така се договорив и дадов капар за тоа“, стои во делот од преписката.

Како што пишува Н1, проблемот е што ова не прв ваков случај во репрезентацијата на БиХ.
Неодамна преку Твитер реагираше и поранешниот голман на репрезентацијата, Асмир Беговиќ.

„Босанскиот фудбал го водат криминалци. Вицо, Миске, Петев, група менаџеро. Наместо да бидеме екипа која ја обединува државата станавме како Ибеј која ги полни џебовите на криминалците. Еве ви“, напиша Беговиќ на Твитер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Дали милијарда долари вредните американски воени бази во Авганистан можат да го нарушат регионалниот баланс ?

Следно

Од Авганистан за првпат евакуирани Американци по копнен пат 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian