Симонс влезе во војна со Филаделфија, ќе плати 1.3 милиони долари само за да не тренира со екипата

1 min read

Бен Симонс е одлучен да си замине од Филалдефија севентисиксерс и тоа пред почетокот на сезоната.

Тој одби да тренира со екипата, не им одговата на телефонските јавувања и пораки, а неговиот менаџер порача дека кошаркарот ќе ја плати казната во висина од 1.3 милиони долари поради пропуштените задолжителни тренинзи со екипата.

– Кажано ми е дека Бен Симонс нема проблем со казната, ќе плати само за да не тренира со екипата – изјави новинарот Брајан Виндхорст.

Проблемите на релација Симонс – управа на Филаделфија започнаа за време на плеј-офот минатата сезона кога кошаркарот се најде на удар на јавноста поради слабите игри во разигрувањето за титулата. Управата притоа не застана зад него и по елиминацијата од Атланта, тие без согласност на Симонс или неговиот менаџер, разговарале со заинтересирани екипи за можна размена.

Овие потези на управата го разочараа Симонс и пред стартот на подготовките за новата сезона побара да биде разменет бидејќи повеќе не сака да игра за Филаделфија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италијанската полиција спречи осомничен од кражба на добитна грепка

Следно

Србија планира да го набави експерименталниот израелски лек за Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian