Шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Македонија и Романија кој во среда ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“.
Ова ќе биде третиот натпревар за Македонија во септемврискиот циклус од квалификациите за пласман на СП 2022 година.
Лахоз нема да и суди прв пат на Македонија, тој ја делеше правдата пред две години која „рисовите“ загубија од Полска со 2:0 во квалификациите за Евро 2020. Првиот натпревар помеѓу Македонија и Романија во квалификациите заврши со пораз на „рисовите“ од 3:2.