Шестмина Палестинци преку ископан тунел избегаа од израелски затвор

1 min read

Вкупно шест Палестинци успеаја да избегаат од израелски затвор во северните делови на земјата преку ископан тунел, што доведе до голема потрага по нив, поради тоа што еден од бегалците е познат поранешен борец.

Во соопштението на израелската затворска служба се наведува дека алармот се вклучил околу три часот наутро, кога локалните жители забележале „сомнителни луѓе” во областа околу затворот Гибоа.

Локалните власти го потврдија бегството на Закарија Зубеиди, поранешен началник на бригадите „Ал Акса” во градот Џенин на Западниот Брег

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина германскиот амбасадор во Кина само две недели по стапување на должност

Следно

Во изминативе 24 часа има шест починати од ковид-19 во тетовската болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian