Шекеринска: Да изградиме повторно и подобро, функционирањето на стариот начин веќе не е опција

2 mins read

Изгради повторно и подобро, тоа треба да ни биде амбицијата. Функционирањето на стариот начин, веќе не е опција, рече денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

На првиот панел од конференцијата за економското закрепнување по КОВИД, Шекеринска истакна дека треба да креираме економија која ќе биде помалку зависна од јаглен (less carbonated), да изградиме модерна инфраструктура, универзална здравствена заштита, да создадеме координирани правила на дигиталната ера.

– И покрај нашата главна цел која е насочена кон борба со климатските промени, треба да планираме за ефектите на промената на климата со кои веќе се соочуваме – погледнете ги пожарите, поплавите. Ова бара генерална обнова на сите наши системи, почнувајќи од безбедноста, но одејќи кон различни области. Мислам дека практично, опцијата за функционирање на стариот начин, повеќе не е опција на масата. Видовме како владите можат да ставаат пари во економијата и најверојатно пост КОВИД ние ќе треба да го одржиме овој напор не само во економијата, туку и во јавната инфраструктура. Но, кога ќе ги даваме овие пари со што ќе овозможиме економијата да расте, нашите политички и цивилизациски приоритети мора да бидат повидливи, истакна министерката.

Верувам, дополни, дека ќе имаме пропуштена шанса ако не ги комбинираме силните субвенции за компаниите со поголема општествена одговорност во однос на животната средина во подобри социјални модели и да ги користиме како дел од нашите буџетски политики за повторно да ги разгледаме даночните системи, политиките на доход, како и некои од политиките и теориите против сиромаштијата.

Шекеринска порача дека мора да ги направиме нашите општества, не само нашите институции, поотпорни и ако не се фокусираме на корените на нестабилностите, поголемиот дел од работите што се прават, дури и во одбранбениот сектор, нема да бидат доволни.

– Затоа мојата молба е, да се бориме со нееднаквоста, да се бориме со корупцијата, да ги проанализираме сите правила кои беа типични за нашиот систем пред две години. Да бидеме покреативни и да ја гледаме големата слика цело време, истакна Шекеринска.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петнаесет лица позитивни на ковид-19 во велешките училишта, две паралелки од гимназија во изолација

Следно

ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ 06.09.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian