Сериозни обвинувања за Мбапе, фудбалерот со своето иритантно однесување внесува немир со соблекувалната

2 mins read

Килијан Мбапе ова лето не го оствари сонот, да го облече дресот на Реал Мадрид и извесно е дека тоа ќе се случи идното лето. Според најавите на шпанските медиуми, ниту во зимскиот преоден рок нема да има промени во статусот на Мбапе, одличниот напаѓач ќе остане до крајот на сезоната бидејќи катарските шеици кои се сопственици на ПСЖ решија да го загубат без обесштетување отколку да го признаат поразот од Реал Мадрид.

Но, Мбапе освен со своите претпоставени во ПСЖ, не е во добри односи ниту со француските новинари кои ги обвинува дека се опседнати со него и поради тоа сака да си замине од Париз.

Француските новинари од друга страна откриваат дека Мбапе е далеку од идеална личност. Имено, новинарот на влијателниот „Фигаро“ Баптист Деспре во својата книга ја открива темната страна на Килијан Мбапе.

„Тој има неверојатен потенцијал, но воопшто не е лесен за соработка. Како што работите не се одвиваат според очекуваното на Европското првенство, тој станува непријатен и постојано коментира. Нормално, тоа влијае на целата репрезентација и на балансот во соблекувалната“, напиша новинарот Деспре кој не крие дека има свој извор од соблекувалната во француската репрезентација.

Пред стартот на Евро 2020, Мбапе влезе во конфликт со Оливие Жиру, а потоа на првенството одигра многу лошо и на крајот го промаши одличувачкиот пенал против Швајцарија по што се најде на удар на јавноста.

„Кога соиграчите не му обрнуваат внимание, кога не му оди секоја топка, тој брзо се лути и тоа ги иритира останатите фудбалери“, пишува Деспре со својата книга.

Иритантното однесување на Мбапе му донесе кавга со тренерите на ПСЖ, досега францускиот селектор Дидие Дешан смета дека тој е незаменлив во екипата и му ги толерира испадите.
„Ниту Тухел ниту Емери не се плашеа од Мбапе и не го толерираа неговото однесување. Поради тоа имаа големи несогласувања со играчот“, пишува Деспре.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чулев: Спасовски вината треба да ја бара во себе и луѓето поставени од него

Следно

Москва  тврди дека Северен поток 2 ќе биде во функција за неколку денови

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian