Преземени казнени мерки против двајцата пилоти кои одбија да ги превезат митрополитот Јоаникие и патријархот Порфирие до Цетиње

1 min read

Двајца офицери на авиоединицата при црногорскиот МУП вчера одбиле да се стават на располагање и со полицикиот хеликоптер да ги превезат до манастирот во Цетиње, митрополитот Јоаникие и патријархот на Српската православна црква – Порфирие

„Директорот на Дирекцијата за вонредни состојби во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Миодраг Бешовиќ, за националната телевија РТЦГ, изјави дека поради нивното откажување на послушност и не извршување на наредбите против нив биле преземени сите мерки против нив во согласност со законот.

„Како причина за одбивањето, тие наведоа дека не постојат безбедносни услови за активноста на хеликоптерот“, рече Бесовиќ.

Митрополитот Јоаникие вчера при устоличувањето во Цетиње со хеликоптер беше пренесен до манастирот а сето тоа наликувапе на во вистинска филмска акциона сцена , бидејќи демонстрантите го блокираа патот Цетиње-Подгорица, а советникот на претседателот на Црна Гора, Веселин Веjовиќ, беше уапсен за време на протестите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Техеран ќе ги продолжи меѓународните разговори за нуклеарната програма

Следно

Чулев: Спасовски вината треба да ја бара во себе и луѓето поставени од него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian