Пожарот кај Бучинци се ближи кон куќите, а никој не го гасне, алармираат жителите

1 min read

Вознемирени жители на скопското село Бучинци вечерва алармираат дека пожарот, кој веќе неколку дена беснее на ридовите над селото, носен од силниот ветер, се доближува до куќите во селото. Тие ги повикуваат надлежните да реагираат, а своите соселани да излезат и самите да го гаснат пожарот.

„Огнот се спушта накај куќите, ниту пожарникари има, не било пристапно местото. Се шири и накај Мршевци, искачајте луѓе“, вели една жителка на Бучинци.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје велат дека тој пожар е активен веќе три дена и дека ја следат состојбата, а тврдењата на жителите дека огнот може да ги загрози куќите во селото ги нарекоа дезинформации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шпанецот Лахоз ќе ни суди против Романија

Следно

Гир: Градењето на јавната доверба е тежок процес, не е еднократна заложба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian