Германскиот амбасадор во Кина, Јан Хекер, почина на нецели две недели по стапувањето на должност, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Хекер имаше 54 години.
Тој беше советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, а должноста амбасадор ја презеде на 24 август. Причината аз смртта допрва треба да биде потврдена.
Сите се изненадени од ненадејната смрт на Хекер.
-Хекер изгледаше среќен и добро кога минатиот петок во својот дом во Пекинг направи прием, изјави еден од гостите.