Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

1 min read

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, утре во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека во 16 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм).

Вечерта на 7 септември во време од 18:30 до 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија хаубица 105 мм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прашања што заслужуваат одговор: Како ќе се изведе наставата со физичко отсуство?

Следно

Талибанците соопштија дека ја презеле провинцијата Паншир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian