По пет часа чекање, Аргентинците го напуштија Бразил

2 mins read

По драмата која ја предизвикаа бразилските здравствени власти и долгото чекање по истата, репрезентацијата на Аргентина си замина од Бразил.

Иако целиот свет со нетрпение го очекување нова пресметка помеѓу Бразил и Аргентина, фановите од Суперкласико видоа само седум минути.

Бразилските здравствени власти го прекинаа натпреварот бидејќи бил прекршен корона протоколот затоа што четворица аргентински фудбалери дошле од Велика Британија и не поминале 14 дена во задолжителен карантин.

Суперкласико дефинитивно е откажано, а Меси е лут како рис: Тука бевме три дена, зошто не ни кажавте порано

Бразилците кои го предизвикат скандалот се правдаат дека Аргентинците биде известени дека четворица нивни репрезентативци мора да заминат во карантин, додека од таборот на „гаучосите“ велат дека за три дена колку што престојувале во Сао Паоло никој не им рекол ништо. По пет часа чекање и закани дека четворицата фудбалери може да бидат уапсени и депортирани, аргентинската репрезентација се качи во авион и со чартер лет го напушти Бразил.

„Фудбалската федерација на Аргентина чувствува голема непријатност поради поради прекинот на натпреварот против Бразил во Сао Паоло . Исто како и фудбалската федерација на Бразил, така и ние сме изненадени од постапката на бразилските здравствени власти на почетокот од натпреварот. Сакаме да потенцираме дека нашата делегација беше на територија на Бразил од 3. септември од осум часот наутро, дека ги почитувавме сите протоколи кои ги одреди Конмебол за одржување на квалификациски натпревари за СП во Катар 2022 година. Сите информации ќе и бидат доставени на ФИФА. Фудбалот не смее да проживува вакви епизоди кои ги намалуваат фудбалските вредности на вака големо натпреварување“, објави фудбалската федерација на Аргентина.

Невиден скандал: Здравствените власти го прекинаа дербито помеѓу Бразил и Аргентина

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Либиските власти го ослободија синот на Муамер Гадафи

Следно

Истражување покажува дека Исланд е најмирна земја во светот, Авганистан е најнебезбедна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian