ОН: Ужасни услови за мигрантите на границата меѓу Полска и Белорусија

1 min read

Обединетите нации денеска соопштија дека се „длабоко загрижени поради ужасните услови” со кои се соочуваат мигрантите на границата меѓу Полска и Белорусија.

Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека белоруските безбедносни служби ги снабдувале со храна и пари мигрантите кои со недели се заглавени на границата, што ги охрабрило илегално да преминат во Полска, пренесува Бета.

Полска, Литванија и Летонија, земји на Европската унија, го обвинуваат претседателот на Белорусија Александар Лукашенко дека илегално ги пренесува мигрантите од Ирак, Авганистан и Сирија на нивните територии, оценувајќи дека на тој начин се одмаздува на Унијата поради санкциите.

Повеќето мигранти или беа протерани од границата или префрлени во прифатните центри, а веќе неколку недели, околу 30 мигранти се заглавени на граничниот премин меѓу Полска и Белорусија.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека мигрантите се соочуваат со „екстремно тешки услови, ограничен пристап до вода за пиење и храна, медицинска нега и засолништа”.

„Продолжувањето на оваа неприфатлива ситуација претставува сериозна закана за животот и здравјето на мигрантите”, рече ИОМ

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапесниот советник на Ѓукановиќ пуштен да се брани од слобода

Следно

Нов пораз на одбојкарите, го поправија впечатокот но загубија од Шпанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian