Олимписките шампиони во машка и женска конкуренција ќе играат во четвртфиналето на УС Опен

2 mins read

Германскиот тенисер Александер Зверев во машка и Швајцарката Белинда Бенчич обезбедија пласман во четвртфиналето на последниот годинешен грен слем турнир и со тоа ја потврдија одличната форма во која се наоѓаат. Тие се олимписки шампиони од Игрите во Токио во машка и женска конкуренција.  

Зверев за два часа и 28 минути игра со 6:4,6:4,7:6 го победи Италијанецот Јаник Синер и ја оствари 15. победа по ред. Во првите два сета, по еден брејк на Германецот беа доволни да има водство од 2:0 восетови, додека во третиот сет мораше да игра тај-брејк кој го реши во своја корист со 9:7.
Во мечот за полуфиналето Зверев ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Рејли Опелка и Лојд Херис.

Во женска конкуренција, Бенчич во два сета ја совлада Ига Швјонтек со 7:6,6:3.
Првиот сет беше одлучен во тај-брејкот во кој беа направени 13 мини брејка, но Бенчиќ ја искористи третата сет топка за да го добие гемот со 14:12.
Во вториот сет, Швјонтек се деморализира и не можеше да и се спротивстави на расположената Бенчич.
Во четвртиналето, Швајцарката која која е родена во Словачка ќе игра со подобрата од мечот Ема Радукану – Шелби Роџерс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Порака до македонскиот народ – масовно да излезе и да се попише

Следно

Израел создаде „магичен лек“ за ковид-19: Лекот EXO-CD24 е потенцијално решение за глобалната пандемија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian