Ѓоковиќ е полн со самодоверба: Можам да замислам дека победувам на секој грен слем на кој играм

1 min read

Новак Ѓоковиќ вечерва (01 часот по полноќ) во осминафиналето на УС Опен го очекува дуел со Џенсон Бруксби од САД кој во претходнаста рунда го совлада Аслан Карацев.

Најдобриот тенисер на светот на УС Опен брка два рекорди, со евентуален триумф во Њујорк ќе дојде до бројката од 21 грен слем титула со што ќе се одвои од Рафаел Надал и Рожер Федерер, а исто така ќе биде и првиот тенисер во Род Лејвер кој го освоил календарскиот слем.

– Чувствувам дека сум во добра позиција, верувам дека можам да го освојам календарскиот слем но морам да размислувам од меч во меч. Можам да замислам дека победувам на секој грен слем на кој учествувам. Имав среќа да имам доста успеси, 20 грен слем титули но и многу финалиња и полуфиналиња. Меѓутоа секако дека во најмило сеќавање ми е 2016 година кога триумфираф на сите четири грен слем турнири, а во исто време за прв пат победив на Ролан Гарос – изјави Ѓоковиќ во пресрет на дуелот со Бруксби.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби-Силвестри: Пописот на населението е важен за Северна Македонија

Следно

Шилегов: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ не може и не смее да се алтернатива за Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian