Од Авганистан за првпат евакуирани Американци по копнен пат 

1 min read

 Четворица Американци биле копнено евакуирани од Авганистан во соседна земја, во операција со учество на олеснувачи од САД, јавија американските медиуми. 

Ова е првата копнена евакуација на државјани на САД, по заминувањето на околу 124.000 луѓе минатиот месец со авионски летови од Кабул, една од најмасовните евакуации во поновата историја. 

Американци, други западни државјани и Авганистанци ја напуштија земјата по заземањето на власта од страна на талибанците, по повлекувањето на силите на САД се што заврши на 31 август. 

Според официјални лица, засега во Авганистан се наоѓаат уште околу 100 американски джавјани кои сакаат да заминат.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандал во БиХ: Менаџер купил место во репрезентацијата за свој фудбалер

Следно

Струшките и кичевските средношколци од четврток ќе одат на класична настава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian