Нов пораз на одбојкарите, го поправија впечатокот но загубија од Шпанија

2 mins read

Одбојкарската репрезентација на Македонија го доживеа и четвриот пораз на Европското првенство, овој пат губејќи од селекцијата на Шпанија иако ја прикажа најдобрата игра на континенталниот собир.

Во дуелот на селекциите кои во првите три кола имаа три порази, се радуваше Шпанија која славеше со 1:3 во сетови и тоа со 23:25,25:21,28:30, 15:25.
Во последното петто коло од групната фаза, одбојкарите ги очекува тешка задача, играат против селекцијата на Русија

Првиот сет помина во израмнета игра на двете репрезентации и во кој разликата не беше поголема од три поиени. На почетокот се играше поен за поен, се до 3:3 по што Шпанците освоија два поени по ред, но македонските одбојкари брзо се вратија во игра израмнувајќи на 6:6, а потоа и да поведат со два поени (11:9, 12:10), а потоа и со три поени разлика (16:13). Овој пат Шпанците успеаја брзо да ја вратат резултатската негатива и во финишот ги искористија своите шанси и славеа со 23:25.

Во вториот сет речиси идентична слика, но овој пат избраниците на селекторот Николиќ се радуваа. Шпанците подобро го отворија сетот, но откако Филип Савовски донесе израмнување на 9:9 „спартанците“ го контролираа резултатот, а во финишот од сетот со серија од 3:0 дојдоа до 25:21 и израмнување на 1:1 во сетови.

Големата борба продолжи и во третиот сет и повторно најголемата предност изнесуваше три поени (6:9), овој пат во корист на Шпанија, но како и во претходните два сета таа предност беше анулирана и во завршницата се влезе максимално неизвесно. Македонија имаше предност од 24:22 но Шпанците се спасија, потоа беше и 26:25 но и таа шанса не беше искористена, за на крајот противникот да ја искористи четвртата сет топка за 28:30.

Откако не успеаја да го освојат третиот сет, одбојкарите како психички да паднаа и немаа сили да и се спротивстават на Шпанија која го освои сетот со 15:25.
Капитенот Никола Ѓорѓиев одигра фантастично освојувајќи 26 поени, Александар Љафтов освои 13 поени, додека кај Шпанија Андрес Хесус Вилена освои 26 поени.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Ужасни услови за мигрантите на границата меѓу Полска и Белорусија

Следно

 САД му се заблагодари  на Косово за прифаќањето на бегалците од Авганистанци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian