Нејмар ги ограби катарските шеици: Му плаќаат шест милиони евра за да ги поздравува навивачите

1 min read

Бразилецот Нејмар во 2017 година направи рекорден трансфер од Барселона во ПСЖ притоа тврдејќи дека парите не се главната причина за заминувањето, но пет години подоцна вистината излегува на виделина.

Нејмар тогаш за рекордна сума од 222 милиони евра се пресели на „Паркот на принцевите“, а каталонскиот весник „Мундо депортиво“ открива дека Бразилецот буквално ги ограбил катарските шеици кои се сопственици на ПСЖ.

Нејмар покрај тоа што имаше годишна плата од 43 милиони евра нето, во договорот до кој дојде „Мундо Депортиво“ стои дека тој имал разни бонуси. Една од најчудните клаузули е дека Нејмар е должен по секој натпревар да ги поздрави навивачите на ПСЖ и за тоа добива неверојатна сума на пари.

Иако фудбалот меѓу другото се игра за навивачите, ПСЖ на Нејмар му плаќа дури шест милиони евра годишно само за да ги поздрави сопствените навивачи по секој одигран натпревар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови мерки во Албанија: Еве што ќе ви треба за влез во земјата

Следно

Италијанската полиција спречи осомничен од кражба на добитна грепка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian