Над 151 милион денари исплатени на сметките на лозарите

2 mins read

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозар исплати над 151 милион денари. Станува збор за исплата на мерките 1.10 А и 1.10. Б, односно исплата на два денара за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите „смедеревка”, „вранец”, „бургундец црн”, „станушина”, „кратошија”, „жилавка” и „кадарка”.

Корисници на мерката 1.10 А се сите производители кои произвеле и предале грозје во капацитети од минатогодишната реколта и аплицирале за мерката „дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка”, додека корисници на 1.10 Б се сите производители кои користат средства за 1.18, а аплициарале и по мерка дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за вино и тоа за сортите Смедеревка, Вранец,Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка,

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата и затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.

-Сите кои правно – законски се стекнале со право на користење за финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќа во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколата, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите. Наше е да обезбедиме поволни услови кои ќе помогнат за намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да го приберат овогодинешниот род и да ги подготват насадите за новата реколта, , рече Бачовски.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Холандски тенисер ги учи новинарите како му се изговара презимето

Следно

Заев: За уапсените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian