Најмалку 66 починати од Ковид во изминативе 24 часа во регионот на Западен Балкан

1 min read

Најмалку 66 луѓе лица починаа од последиците од вирусот корона во регионот на Западен Балкан во последните 24 часа, а регистрирани се околу 5.000 новозаразени Најголем број смртни случаи има во Косово – 28, додека најголем број на новозаразени има во Србија – 4.103.

Во последните 24 часа, во Хрватска беа регистрирани 184 нови случаи на инфекција со вирус, а пет лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов има 8.661 лице во самоизолација, пренесува Хина.

За споредба во Хрватска , од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 378.022 лица беа заразени со новиот корона вирус, од кои 8.375 починале.

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 214 нови случаи на Ковид , од 1.534 тестирани примероци. Беа регистрирани 14 смртни случаи. За споредба, претходниот ден беа тестирани 1.798 примероци, а беа регистрирани 333 нови заболени и 12 смртни случаи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чулев: По не знам кој пат Спасовски причината за своите катастрофални грешки ја бара во мене

Следно

Двајца директори и педагог меѓу заразените во велешките училишта, градоначалникот вели дека тоа не влијае врз наставата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian