Најдобриот шахист во светот доаѓа во Струга, Карлсен ќе игра на Европскиот Куп

1 min read

Од 17. до 25. септември во Струга ќе се одржи 36-тото издание за мажи и 25-тото за жени на Европски клупски Куп (ЕКК) во шах. Ова е најелитното натпреварување во шах и во рангот на фудбалската Лига на шампионите.

На турнирот во Струга ќе настапат најдобрите шаховски екипи од Европа, а приматот на прва ѕвезда ќе го има најдобриот шахист на светот и актуелен светски шампион Магнус Карлсен којк ќе настапи за Оферспил.

Досега се пријавени 38 клуба во машка конкуренција, со 238 шахисти, од нив 79 велемајстори (ВМ), а во женска конкуренција девет клуба со 30 шахистки (седум ВМ).

Македонија ќе има четири свои претставници кај мажите: Алкалоид, кој е еден од фаворитите за трофејот, како и Гостивар, Прилеп и Гамбит Асеко. Кај дамите пак ќе се натпреваруваат Алкалоид, МШК Центар и Куманово.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца директори и педагог меѓу заразените во велешките училишта, градоначалникот вели дека тоа не влијае врз наставата

Следно

Милевски вели дека уште нема конечна одлука за неговата кандидатура за градоначалник на Битола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian