Министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски, вели дека сѐ уште не е донесена конечна одлука за неговата кандидатура за градоначалник на Битола, иако партиските членови барале тој да „трча“ за градски татко, пишува Фокус.
Тој упати благодарност до членовите и граѓаните за поддршката за да се кандидира за функцијата.
Повеќе медиуми денеска објавија дека Милевски ќе биде кандидат на движењето „Одлучно за промени“, составено од неговата партија и ДОМ. Неофицијално, кандидатурата треба да биде официјализирана во текот на денот или најдоцна утре.