Мицкоски: Ако СДСМ најде изјава во која ги нарекувам докторите убијци, ќе се извинам, во спротивно Заев да се извини

1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа побара од СДСМ доколку во наредните 24 часа најдат една изјава од него или од кој било од раководството на ВМРО-ДПМНЕ каде докторите се нарекуваат убијци, тој е подготвен да се извини, во спротивно очекува премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев да излезе и да се извини поради таквите лаги.

-Разбирам дека во СДСМ има многу проблеми, разбирам и дека немаат резултати со кои ќе се пофалат, но не ја разбирам нивната потреба со лаги да го покријат сето ова. Во наредните 24 часа нека најдат макар една изјава од мене или од било кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ каде докторите се нарекуваат убијци и јас сум спремен да се извинам, во спротивно очекувам Зоран Заев да излезе и да се извини поради таквите лаги на грбот на лекарите. Не ги бранат тие лекарите, се бранат себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините… Знаат Заев и Филипче, знаат, и затоа се бранат себе си. И сосема на крај да посочам дека и мојата мајка е доктор, оттука е и сосема неприродна ваквата лага на Заев. Проблемите во СДСМ не се проблем и на државата и народот, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бројот на активни случаи со Ковид надмина 15 илјади, надлежните со апел за вакцинација

Следно

Борис Џонсон планира измени во Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian