Медиумите во Ерменија: Миленкоски од Врање ќе го испорачаат во Ереван за да им каже каде го скри ерменскиот амбасадор гонет за корупција

3 mins read

Ерменските власти сѐ уште трагаат по избеганиот брат на поранешниот ерменски претседател Серж Саргасјан, Левон Саргасјан. Во март 2019 година тој не им бил достапен на истражните органи кои не можат да му влезат во трага откако претходната година македонски дипломати од Мисијата на ОБСЕ во Виена, предводени од заменик шефот Миле Миленкоски, успеале со приватен лет од Ереван да го донесат во Виена, по што Левон Саргасјан веќе трета година е во бегство.

Во родната земја, Левон е обвинет за корупција и „нелегално богатење“, откако даночните инспектори во јуни 2018 открија дека тој и неговите две деца држат речиси 7 милиони американски долари непријавени депозити во Ерменската банка.

Според ерменските закони, пријавувањето на имот е задолжителен за високи државни службеници и членовите на нивните семејства. Овој законски услов важи за Левон Саргасијан затоа што работел како амбасадор во Министерството за надворешни работи на Ерменија, сѐ додека неговиот брат не беше соборен од владата во „кадифената револуција“ пролетта во 2018 година. Левон Саргасјан во тој период бил назначен од братот-претседател за амбасадор без портфељ, откако претходно во претседателскиот мандат на неговиот брат до 9 март 2020 година извршувал должност ерменски амбасадор во Тунис и Алжир.

Во октомври 2018 година, новоименуваниот премиер на Ерменија Никол Пашинјан го отпушта од амбасадорската служба. Левон во тој период е веќе обвинет за тешки злоупотреби и веќе од декември 2018 година е во бегство и живее некаде во странство, од каде, според медиумите, испратил порака дека наскоро ќе се врати во Ерменија, бидејќи „неговите прашања треба да се решат наскоро“.

Во 2019 година ерменската Национална агенција за безбедност имала непотврдени информации дека се крие во Либан. „Можеме да започнеме процес на екстрадиција само ако е пронајден и уапсен (во странска земја) и ако формално бидеме известени за тоа“, изјави своевремено главниот јавен обвинител Давтијан, додавајќи дека тоа сепак не се случило.

Советникот во Канцеларијата на ерменскиот Јавен Обвинтиел Гор Абрахамјан, изјави за Hetq дека Миленковски ќе биде екстрадиран во Ерменија откако соодветните документи ќе биде подготвени и проследени до властите во Република Северна Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, во врска со апсењето по на македонскиот дипломат Миле Миленкоски во Србија денеска појасни дека меѓународната потерница е пристигната во Македонија на 25 февруари 2020 година, во времето кога со МВР раководеше Наќе Чулев, а тој беше претседател на техничката влада. Според Спасовски, Чулев никого во Владата и во МВР не го известил за бараниот дипломат Миленкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Болниците во САД преполни со случаи од предозирање со Ивермектин

Следно

Утре видео средба на министри од ЕУ и Западен Балкан за сузбивање на илегалната трговија со оружје

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian