Легендата на светскиот фудбал Пеле беше опериран во саботата, а на социјалните мрежи објави дека му е отстранет тумор на дебелото црево.
„Минатата сабота бев опериран поради отстранување на сомнителна лезија на дебелото црево. Туморот беше идентификуван за време на тестовите кои ми беа направени претходно“, напиша Пеле.
Според Ројтерс, Пеле веќе шест дена се наѓа во болница.