Крадците не влегле во вилата на Новак Ѓоковиќ, го ограбиле домот на неговиот брат

1 min read

Домот на Новак Ѓоковиќ во Марбеља, Шпанија не била на мета на крадците како што беше првично се мислеше, туку ограбен е домот на неговиот помал брат Ѓорѓе.

Иако првично беше објавено дека вилата на Новак Ѓоковиќ беше на мета на крадци, набрзо таа вест е демантирана и е откриено дека на 23. август била обиена вилата на неговиот брат.

Во моментот кога крадците влегле во домот на Ѓорѓе Ѓоковиќ, во неа бил јутјуберот Никола Милошевиќ кој е познат како Ѓока фристајл и тие биле олеснети за 25.000 евра.

Ѓоковиќ во март годинава се пресели во Марбеља откако повеќе од десет години живееше во Монте Карло. Според пишувањата на шпанските медиуми, Новак за новиот дом во Марбеља издвоил десет милиони евра и во неа помина најголем дел од првиот бран на пандемијата на коронавирусот. Но, минатата година Ѓоковиќ ја изнајмуваше вилата, а оваа година одлучи да ка купи.

Во дворот има базен, тениски терен, голем простор за играње на неговите деца, соба за забава, кино, сала за вежбање…

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на Владимир Туфегџиќ

Следно

Уапесниот советник на Ѓукановиќ пуштен да се брани од слобода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian