Кичеец бил излезен од затворот со медицинска документација

2 mins read

Зоран Милески Кичеец излегол од затворот со медицинска документација, изјавија денеска премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ, во врска со осудениот во случајот „Рекет“, кој беше учесник во сообраќајка во саботата.   

– Овде се работи за комплетирана медицинска документација од здравствени причини која му следува секако на секое лице што издржува казни за да може да ги користи, со соодветни потписи на соодветни лекари – рече Заев.

Премиерот не знае зошто Милевски патувал кон Скопје и зошто со тие луѓе.

– Ако е здравствена документација, може да се оди до болница, може се оди во главниот град од какви било причини, но дефинитивно тоа е согласно закон, тоа е право кое што му следува на секој издржувач на казна – рече Заев.

Министерот Маричиќ исто така рече дека врз база на медицинска документација затвореникот добил 30-дневен прекин на издржување на казната со цел да заврши медицински работи и потоа да се врати на издржување на казната.

– Не е ниту прв, ниту последен затвореник којшто ги користел овие погодности врз база на оправдана медицинска документација – рече министерот.

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, во саботата, во судир на џип мерцедес, бмв и комбе, почина едно, а седум лица беа потешко и полесно повредени. Неофицијално, Кичеец го возел мерцедесот.

Зоран Милески, правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“ ја издржува во Казнено-поправниот дом во Струга. Кичеец беше осуден откако призна дека примил награда за противзаконито влијание. Во „Рекет“ се осудени и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева – седум години, а првообвинетиот Бојан Јовановски доби деветгодишна затворска казна. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Средба на Груби со италијанскиот амбасадор Силвестри

Следно

Кипар ја отстрани Северна Македонија од листата земји за патување на островот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian