Израел создаде „магичен лек“ за ковид-19: Лекот EXO-CD24 е потенцијално решение за глобалната пандемија

2 mins read

Уште откако Бенјамин Нетанјаху, доскорешниот премиер на Израел, го претстави лекот EXO-CD24 како „чудотворен лек“ во борбата против ковид-19, вниманието на светската јавност се насочи кон истражувањата на израелските експерти.

Имено, лекот EXO-CD24 е развиен од тим на познатата и водечка израелска болница „Суратски медицински центар“ од Тел Авив, на чело со проф. д-р Надир Арбер, и се дава со инхалирање. Околу 93 проценти од пациентите заразени со коронавирусот, со сериозна клиничка слика, третирани со овој лек во неколку грчки болници, ја напуштиле болницата за пет дена или помалку.

– До денес немаме воочено значајни нуспојави кај ниту еден пациент, изјавил д-р Надир Арбер за „Ерусалим пост“.

Истражувањето е спроведено во Атина бидејќи во Израел во тој момент немале доволно релевантни пациенти. Главен истражувач бил грчкиот комесар за коронавирусот, проф. Сотирис Циодрас. Д-р Арбер и неговиот тим, вклучувајќи го и д-р Ширан Шапира, развиле лек базиран на молекула што професорот ја проучува веќе 25 години наречена ЦД24, која е природно присутна во телото.

Д-р Арбер објасни дека дека главната причина за влошување на состојбата кај пациентите е прекумерното активирање на имунолошкиот систем – цитокинска бура, и дека тогаш системот почнува да напаѓа здрави клетки во белите дробови.

– Токму тоа е проблемот на кој е насочен нашиот лек. Доколку се потврдат досегашните резултати од студијата, третманот со EXO -CD24 ќе биде возможен релативно брзо и по ниски цени, изјави тој.

Судејќи според она што го објавуваат израелските и грчките научници, се чини дека имаме потенцијално решение за глобалната пандемија. Нешто слично во март годинава изјави претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој објави дека неговата земја е заинтересирана да го тестира овој лек, но во форма на спреј.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Олимписките шампиони во машка и женска конкуренција ќе играат во четвртфиналето на УС Опен

Следно

„Магичен лек“ за ковид-19: Лекот EXO-CD24 е потенцијално решение за глобалната пандемија

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian