Груби-Силвестри: Пописот на населението е важен за Северна Македонија

2 mins read

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари среда со амбасадорот на Република Италија во Скопје, г. Андреа Силвестри.

На оваа средба, Груби и Силвестри разговараа за поддршката на Република Италија во однос на европската перспектива на Република Северна Македонија.

Двајцата соговорници заклучија дека Северна Македонија веќе ги има исполнето своите внатрешни обврски и дека сега е редот на Европската Унија да ги препознае, награди и оцени достигнувањата во земјата.

Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Силвестри разговараа и процесот на Попис на население, кој веќе е почнат. Груби му пренесе на Силвестри дека овој процес е исклучително важен за нашата земја, но дека е и барање на сите меѓународни институции кои очекуваат од нас, како земја кандидат за членство во Европската Унија, да ги преземеме сите следни чекори врз основа на процентот на населението и на тој начин да се планираат и имплементираат сите развојни политики во Република Северна Македонија.

На оваа средба Груби и Силвестри разговараа и за следните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври годинава. Груби го извести италијанскиот амбасадор дека веќе се направени сите подготовки за организирањето на овие избори и дека тие ќе се одржат во европски дух.

Груби и Силвестри разменија мислења и за надминување на отвореното прашање со соседна Бугарија. Груби му кажа на амбасадорот Силвестри дека Северна Македонија е подготвена да и се врати на разговорите со целосна конструктивност откако бугарската страна ќе биде подготвена.

На крајот од оваа средба, првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на италијанскиот амбасадор во Скопје, г. Андреа Силвестри за искреното и традиционално пријателство помеѓу Република Италија и Република Северна Македонија и во оваа прилика изрази подготвеност за уште поголемо продлабочување на билатералната соработка, со посебен акцент во областа на економијата, за што беше оценето дека постои интерес од двете страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ВИДЕО | Белоруските опозиционери осудени на повеќегодишни затворски казни за нарушување на безбедноста

Следно

Ѓоковиќ е полн со самодоверба: Можам да замислам дека победувам на секој грен слем на кој играм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian