Геце не мрда од Холандија, потпиша нов договор со ПСВ

2 mins read

Германскиот фудбалер Марио Геце го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната 2023/24, објави холандскиот тим.

Геце во 2020 година откако му заврши договорот со Борусија Дортмунд дојде во ПСВ Ајндховен и потпиша двегодишен договор. Тој минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на ПСВ по што управата одлучи да му понуди нов двегодишен договор иако поголем број на европски екипи покажуваа интерес за негов трансфер.

– Не е тајна дека Марио е играч кој ја дефиниран нашата екипа и остварувањето на целите. Ни беше многу важно да го задржиме. Во последните денови од преодниот рок, неколку екипи пројавија сериозен интерес за него. Некои од нив се пласираа во групната фаза во Лигата на шампионите. И покрај желбата да игра во елитното натпреварување, Марио го избра ПСВ и сака да освојува трофеи со нашиот клуб – изјави Џон де Јонг, директорот на ПСВ.

Марио Геце минатата сезона одигра 35 натпревари за ПСВ Ајндховен и постигна 10 гола, а имаше и исто толку асистенции. И германскиот фудбалер е задоволен од продолжувањето на соработката со холандскиот тим.
– ПСВ е одличен тим, работам со одличен тренер. Ми се допаѓа енергијата која го опкружува нашиот тим, целата слика за ПСВ е добра и среќен сум што тука ќе ја продолжам својата кариера – рече Геце.

Германскиот фудбалер кариерата ја започна во Борусија Дортмунд чиј дрес го носеше од 2009 до 2013 и од 2016 до 2020 година, додека во меѓувреме беше член и на Баерн Минхен.
Освои пет титули во Бундеслигата, а со репрезентацијата на Германија во 2014 година триумфира на Светсктото првенство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Никој не останал без лекарска грижа, работата на останатите клиники не е запрена

Следно

Џихадистите се помеѓу Германците, земјата будно ги следи потенцијалните терористи

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian