Филипче: Се поставува пункт за вакцинација на младите на кампусот на УКИМ

2 mins read

Министерот за здравство Венко Филипче денес соопшти дека вирусот најмногу се шири кај младите, а додаде и дека ќе биде поставен пункт за вакцинацина на УКИМ.

„Добро се одвива процесот на вакцинација и расте опфатот со вакцинација пред се на повозрасните граѓани. Над 40 години се вакцинирани 53 проценти од вкупното население и затоа сега ставаме акцент на важноста да се вакцинираат и помладите граѓани. Сега се тие, таа категорија што се помалку заштитени. Вирусот се шири меѓу нив. Тие може да го шират вирусот и во своите семејства. Докажано е дека е вакцината безбедна, докажано е дека е ефикасна, не треба да има страв. Тоа е еден од дополнителните начини да се спречи ширењето на вирусот“ изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека за младите најбитно е да се социјализираат, да си ги вратат назад своите животи и дека и за нив важи правилото дека само со вакцинација може да ги нормализираат целосно животите. Затоа, како што потенцира министерот, сега ставаме акцент на промоцијата на повикот кон помладите да се вакцинираат.

„Во четврток ќе се отвори и пункт во рамките на кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” каде со кадарот од Универзитетската амбуланта ќе се врши вакцинација и на помладите поради тоа што е многу битно да подеднакво биде висок опфатот со вакцинација во сите категории на граѓани“ додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот Филипче рече дека вакцините на „Фајзер” се препорачани и безбедни и за децата од 12 до 18 години.

„Сега е апелот насочен пред се на граѓаните над 18 години. Вкупниот број на вакцинирани лица над 40 години е 53 проценти, а над 18 години е околу 44 проценти. Сакаме и овој опфат сериозно да го зголемиме“ истакна Филипче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американски генерал: Во Авганистан најверојатно ќе избие граѓанска војна

Следно

Во ураганот Ида загинаа 50 лица, многумина се водат како исчезнати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian