Филипче: Никој не останал без лекарска грижа, работата на останатите клиники не е запрена

1 min read

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека состојбата во болниците е под контрола и дека сите пациенти без разлика на кое одделение тие престојуваат, сите добиле лекарска грижа.

„Никој не останал без лекарска грижа. За превентивата која што се одвива кај матичните лекари не е ништо променето, меѓутоа кај специјалистите и специјалистичките прегледи во сите болници во моментот кај што се третираат ковид пациенти не се запрени останатите прегледи“ рече  Филипче.

Филипче нагласи дека и покрај тоа што клиниките даваат кадар во ковид центрите работата, кај нив работата не е запрена.

„Во Клиничкиот центар на Интерните клиники и покрај тоа што се зафатени одделенијата со ковид пациенти за Неврологија, еден дел за уво, нос и грло и за дерматологија, останатите клиники се направени и зелени зони и место каде што се движат лекарите за вообичаените прегледи, така што на останатите клиники работата и покрај тоа што даваат кадар во ковид центрите не е запрен“ изјави Филипче.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Велес и Карпош деца заразени од ковид два дена по почетокот на школската година

Следно

Геце не мрда од Холандија, потпиша нов договор со ПСВ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian