Европска Комисија: Очекуваме од сите да учествуваат конструктивно во пописот

1 min read

Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во коментар за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.

– Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани, изјави Писонеро за МИА.

Таа истакна дека Европската Унија очекува од властите во Северна Македонија пописот да се одвива согласно стандардите и регулативите на ЕУ, како дел од пристапниот процес за ЕУ.

– Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин, рече Писонеро за МИА.

Населението во Северна Македонија не е попишано речиси дваесет години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

 Макрон и Ле Пен фаворити на претседателските избори во Франција

Следно

Во односите со Бугарија не излеговме од Студената војна, вели професорот Докмановиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian