ДЗС: Попладнево решени проблемите со апликацијата, проблемот не бил во интернетот

1 min read

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека денеска во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, но оти тие се успешно остранети.

Според ДЗС, проблемите не се должеле на паѓање на интернетот, туку најверојатно поради преоптовареност, бидејќи имало поголем број сесии што се одвивале истовремено.

Додека траеле техничките прпблеми биле попишани речиси 10 илјади лица, велат од ДЗС.

-Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии, се вели во соопштението од ДЗС.

Државниот завод за статистика истовремено се извини за „лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот“ и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за, како што велат, несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Косово пристигна американската донација од над половина милион вакцини

Следно

Шахпаска – Дервишагич: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian