Цело Мршевци е на нозе во борба со шумскиот пожар, утре наутро ќе гасне и армиски хеликоптер

1 min read

Шумскиот пожар кој беснее кај скопското село Мршевци вечерва се шири кон селото, а жителите се ангажираат за да помогнат во гасењето. Според некои информации, огнот почнал да се шири и кон соседното село Дељадровце, кое припаѓа на општина Куманово.

Извори на „Слободен печат“ од противпожарните служби тврдат дека се работи за запалена сува трева на непристапен терен, но не е зафатено и шумското подрачје во моментов.

Од Општина Илинден велат дека преземаат сѐ што може да се преземе за да се скроти пожарот, известени се и Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и се работи на гаснењето на шускиот пожар, кој почнал да се шири кон селото во попладневните часови.

Утре рано наутро се очекува да дејствува армиски хеликоптер во гаснењето на овој пожар.

Вознемирени жители на Бучинци и Мршевци претходно објавија фотографии на кои се гледа како пожарот се доближува до селото и ги повикаа соселаните да излезат и да помогнат во борбата со огнената стихија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првиот човек на УЕФА го крена гласот против ФИФА: Не е добра идеја да се игра Светско првенство на секои две години

Следно

ВИДЕО: Цело Мршевци е на нозе во борба со шумскиот пожар, утре наутро ќе гасне и армиски хеликоптер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian