Борис Џонсон планира измени во Владата

1 min read

Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со сериозни проблеми со своите министри и пратениците во Долниот дом, кои денеска се враќаат во Парламентот по летните одмори. Причина се плановите на премиерот, кои се спротивни на предизборниот манифест на Конзервативната партија и очекуваните промени во кабинетот.

Плановите на Џонсон се зголемување на националните придонеси за социјално осигурување, за да се зголеми финансирањето на националната здравствена заштита, како и за преструктуирање на социјалната заштита, што ќе влијае на пензиите, во пракса, прекршувајќи го изборниот манифест на ториевците, а пратениците веќе го информираа секретарот на Конзервативната партија дека можеби нема да го поддржат премиерот при гласањето во Долниот дом.

Многу пратеници, а не само од владејачката Конзервативна партија, се на мислење дека зголемувањето на даноците нема да ги реши проблемите, па затоа протуркувањето на плановите на Џонсон во Парламентот може да биде проблематично.

Освен тоа, се шпекулира дека до крајот на неделата, Џонсон ќе направи реконструкција во кабинетот, а очекувани „жртви” се министерот за надворешни работи Доминик Раб и министерот за образование Гевин Вилијамсон. Се уште не се знае каква позиција ќе му биде понудена на Раб, чиј рејтинг се намали околу кризата во Авганистан, но неговото место најверојатно ќе го заземе министерката за меѓународна трговија Лиз Трус, која има највисок рејтинг во кабинетот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Ако СДСМ најде изјава во која ги нарекувам докторите убијци, ќе се извинам, во спротивно Заев да се извини

Следно

Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian