Борел побара итно ослободување на претседателот на Гвинеја

1 min read

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел го осуди обидот за државен удар во Гвинеја и ја повика војската итно да го ослободи претседателот Алфа Конде.

– Го осудувам насилното преземање на власта во Гвинеја и повикувам на итно ослободување на претседателот Конде, напиша Борел на Твитер.

Тој ги повика сите политички сили во земјата да го почитуваат „владеењето на правото, интересите на мирот и благосостојбата на луѓето во Гвинеја”.

Елитните специјални сили на Гвинеја, предводени од полковникот Мамади Дамбуја, вчера влегоа во владиниот кварт на Конакри и ја нападнаа претседателската палата, изјавија очевидци. Лидерот на бунтовниците Дамбуја се појави на националната телевизија и објави за апсењето на претседателот Конде, распуштање на владата и укинување на Уставот на земјата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори

Следно

Османи во посета на Ватикан по повод јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian