Бјерде: Економското закрепнување е возможно само со вакцнирањето

1 min read

Вакцинацијата не само што спасува животи, туку претставува и единствена можност за економско закрепнување, порача заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде од првиот панел на конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид” што се одржува денеска и утре во Скопје.

Како што истакна Бјерде, панедмијата нема да заврши се додека сите не добијат пристап до вакцинација, вклучително и неразвиените земји. Забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.

-Еден од клучните предизвици за побрзо економско закрепнување е да се вакцинира што е можно поголем број од населението. Со вакцинацијата ќе се спасат животи, но тоа е и единствена можност за економско закрепнување, напомена Бјерде.

Одржливото закрепнување е неопходно, подвлече Бјерде, а пандемијата не предизвика само пречки, туку даде и можности.

-Климатските промени и социјалните нееднаквости се клучни предизвици за кои се потребни акции и политики. Фокус треба да се стави и на зелената економија. Тоа зналчи забрзување на енергетските транзиции и инвестиции за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето. До нови работни места, раст и продуктивност може да доведат и инвестициите во образованието, рече Бјерде.

Таа потсети и на прогнозите кои годинава предвидуваат раст на глобалната економија од 5,6 проценти.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ се ближи кон крајот, се поставува теренот, се уредуваат трибините…

Следно

ВИДЕО: Убиени 12 офицери на Ирак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian