Американски генерал: Во Авганистан најверојатно ќе избие граѓанска војна

1 min read

Во Авганистан најверојатно ќе се случи граѓанска војна, изјави началникот на Генералштабот на американската армија, Марк Мили и додаде дека условите се такви што е можно повторно појавување на терористички групи во земјата. Мили за Фокс њуз изјави дека „неговата воена проценка е дека постои шанса за граѓанска војна“.

По објавувањето на повлекувањето на американската армија од Авганистан, Талибанците брзо ја презедоа контролата врз земјата, освен провинцијата Паншир, каде што борбите се уште траат, пренесува „Гласот на Америка“.

Американскиот генерал ја доведе во прашање способноста на Талибанците, кои допрва треба да формираат влада, да управуваат со земјата.

„Мислам дека постои голема веројатност за граѓанска војна, а тоа потоа може да доведе до реконструкција на Ал Каеда или зајакнување на Исламската држава и други терористички групи“, рече Мили.

Тој оцени дека зајакнувањето на терористичките групи може да се случи и следната година.

Западните земји стравуваат дека поради присуството на нивните војски во Авганистан во изминатите 20 години, тие сега би можеле да бидат цел на терористите.

Соединетите држави соопштија дека ќе продолжат да го следат и, доколку е потребно, да нападнат се што сметаат дека е закана за нивната безбедност во Авганистан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Исклучително успешен старт на пописот

Следно

Филипче: Се поставува пункт за вакцинација на младите на кампусот на УКИМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian