Алиоски е најдобар играч во петтото коло во мундијалските квалификации

1 min read

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е избран за најдобар играч во петтото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година иако неговата одлична игра не беше доволна за победа на „рисовите“.

Македонија вчера одигра 2:2 на гостувањето во Рејкјавик против Исланд, а доколку концентрацијата не паднеше во финишот, фудбалерите можеа да ги освојат и трите бодови. „Рисовите“ до 78 минута имаа водство од 0:2, но потоа за шест минути примија два гола, а потоа во судиското продолжение не искористија две одлични шанси.

Алиоски беше асистент на првиот гол кој го постигна Дарко Велковски во 11 минута, за на стартот од второто полувреме и самиот да се запише во листата на стрелците.
Во изборот за најдобар играч, Алиоски ги победи голманот на Швајцација, Јан Зомер и Украинецот Микола Шарапенко.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на отворање на сензорна соба во ООУ „Блаже Конески”

Следно

Босанец уапсен поради активности во Ал Каеда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian