Забележана мечка во паркот Грмија во Приштина, се апелира до граѓаните да избегнуваат негова посета

1 min read

Приштина одлучи да го затвори паркот Грмија, откако во паркот беше забележана мечка, пренесува Економија онлајн.

Во соопштението на градските власти се вели дека постои можност мечката да дошла до планинските патеки што водат кон планината Голеш.

Ловечките стражари и полицијата се обидуваат да ја лоцираат мечката, а со цел да избегнат каква било опасност, паркот Грмија ќе биде затворен за граѓаните до понатамошно известување, пишува Косово онлајн.

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, апелираше до граѓаните од овој град да избегнуваат посета на паркот Грмија, каде што денеска беше забележана мечка.

Ахмети на Фејсбук напиша дека добил информации од косовската полиција за појава на мечка во овој парк.

– Мечката не е дел од „Паркот на мечки“, така што постои можност да дошла преку планински патеки што се поврзуваат со делот на Голеш. Шумарите се обидуваат да ја лоцираат мечката, но додека тоа не се случи и не се објави, ве молиме избегнувајте да поминувате и да шетате во паркот Грмија! – напиша Ахмети.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невиден скандал: Полицијата го прекина дербито помеѓу Бразил и Аргентина и уапси аргентински фудбалери 

Следно

Невиден скандал: Здравствените власти го прекинаа дербито помеѓу Бразил и Аргентина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian