Во Србија во изминатото деноноќие регистрирани 2.800 новозаразени и 21 починато лице

1 min read

Во последните 24 часа во Србија регистрирани 2.800 нови случаи на коронавирус, од направени 11.363 тестови, а 21 лице почина.

На респиратор има 108 пациенти од вкупно 1.479 хоспитализирани, објавено е на официјалната веб -страница „Ковид19.рс“.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 779.723 лица заразени со коронавирус, а 7.379 луѓе починале.

Досега се направени се 5,1 милиони тестови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Суперкласико дефинитивно е откажано, а Меси е лут како рис: Тука бевме три дена, зошто не ни кажавте порано

Следно

ВИДЕО: Романија во победнички ритам доаѓа во Скопје, убедливи триумфи на Германија и Шпанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian