ВМРО-ДПМНЕ: Специјалецот на Заев за криминал Зоки Кичеец прво рекетираше, а вчера уби луѓе

2 mins read

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение ја обвини СДСМ за прикривање на вчерашната сообраќајкаа во која учествуваше осудениот во случајт Рекет Зоран Кичеец. Соопштението го пренесуваме во целост:

Власта се обиде да прикрива информации за тешката сообраќајка на патниот правец Скопје – Охрид во која учествувал Зоран Милевски Кичеец. Друго објаснување нема, кога на лице место се видени вработени во 6-та управа, а има информации дека е вршен притисок врз сведоци на настанот, медиуми и новинари да не изнесуваат информации за сообраќајката.

Причината е јасна, Кичеец наместо во затвор слободно се шета по патиштата низ Македонија, а сега гледаме дека учествувал во трагична сообраќајна несреќа со двајца загинати и неколку повредени.

Зоран Милевски Кичеец е осуден за мега скандалот „Рекет”, но изгледа е привилегиран од власта на Заев штом е уште на слобода и хара низ државата. Очигледно омилениот специјалец на Заев за криминал Зоран Милевски Кичеец кој рекетираше милиони беше толериран и му се дозволуваше да аздисува, за вчера да убие луѓе во сообраќајна несреќа. Кој ќе понесе одговорност за овој скандал? Кој дозволи криминалец наместо во затвор да хара по патиштата во Македонија? Судот, МВР, владата на Заев се всушност во спрега со криминалот. Тие ги штитат криминалците, им дозволуваат слободно да шетаат, а кога ќе се случи нешто како синоќешната сообраќајка дури и се обидуваат да ги прикријат и заштитат. Всушност Заев и неговата власт се олицетворение на криминалот во Македонија и додека се тие нема да има правда во Македонија и граѓаните ќе страдаат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пукотници кај блокадите на Белведере во Црна Гора, нема повредени

Следно

Почна устоличувањето на митрополитот Јоаникијe во Цетиње, со хеликоптер пристигна во манастирот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian