ВИДЕО: Востоличен Митрополитот Јоаникие, немири на улиците на Цетиње

3 mins read

Епископот Будванско -Никшиќки, Јоаникие, беше востоличен како митрополит Црногорско-Приморски на Српската православна црква. Церемонијата на устоличување се одржа во манастирот Цетиње, и покрај немирите што продолжуваат по улиците на овој град.

Чинот на устоличување започна со света архиерејска литургија во манастирот Цетиње, која ја служеше српскиот патријарх Порфириј.

Свештенството на Српската православна црква пристигна во Цетиње со хеликоптер, бидејќи сите патишта беа блокирани, од страна на противниците на востоличувањето на српскиот митрополит.

Немирите се уште се на улица. Демонстрантите се обидуваат да се пробијат до манастирот, но тие се спречени во тоа од силните полициски сили.

 

Барикадата кај Белведере, излезот од Цетиње, беше пробиена и таму веќе нема демонстранти. Гумите што беа поставени беа запалени. Претходно беше  пукано од Белведере.

 

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ претходно  објави дека е уапсен Веселин Вељовиќ, советник на претседателот на државата поради немирите во Цетиње.

Според РТЦГ уапсени се и други пет лица.

„Ја известувам јавноста дека брзата полициска акција, која ја наредив, само што стави лисици на Веселин Вељовиќ“, објави Кривокапиќ на Твитер.

Вицепремиерот Дритан Абазовиќ објави видео на Твитер и напиша дека се гледа како Веселин Вељовиќ и група пратеници на ДПС го започнале нападот врз полицијата утрово

 

Во меѓувреме се огласи и престедателот на Србија Александар Вучиќ. Тој му порача на црнгорскиот престедател Мило Ѓукановиќ дека нема да ги покори србите во Црна гора и дека за разлика од претсдателот на Црна гора Ѓукановиќ кој ги рпедизвикал немирите, целото безбедно завршување на церемонијата и припаѓа на владата во Подгорица

Александар Вучиќ, претседател на Р. Србија

 

Претседателот Мило Ѓукановиќ е во Цетиње, пратеници од опозицијата, поранешниот претседател Филип Вујановиќ, кој пристигна утрово, јави Бета. Ѓукановиќ вчера пристигна во Цетиње и рече дека не верува дека Јоаникиј ќе биде устоличен денеска во Цетиње.

Илјадници граѓани ја поминаа ноќта блокирајќи ги влезовите на Цетиње со цел да ги спречат Јоаникиј и свештеници да влезат на Цетиње. Организаторите уште еднаш рекоа дека нема да дозволат Јоаникије да влезе на Цетиње блокирајќи приоди кон градот.

Багерите што стоеја на патот од Цетиње до Подгорица се упатија да расчистуваат со голем полициска придружба, пренесуваат медиумите во Црна Гора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Востоличен Митрополитот Јоаникие, немири на улиците на Цетиње

Следно

Пендаровски: Пребројувањето по етничката припадност треба да стане дел од историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian