ВИДЕО: Романија во победнички ритам доаѓа во Скопје, убедливи триумфи на Германија и Шпанија

1 min read

Селекцијата на Романија која е нареден противник на фудбалската репрезентација на Македонија вечера во 2:0 го совлада Лихтенштајн во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Романците во првите два натпревари од септемврискиот циклус остварија две победи со идентичен резултат, прво го совладаа Исланд на гости со 0:2, а вечера славеа на домашен терен против Лихтенштајн и во победнички ритам доаѓаат во Скопје каде на осми септември играат против „рисовите“. Работата против Лихтенштајн, Романците ја заврши во првото полувреме со головите на Тоска и на Манеа во 11 односно во 18 минута.

Убедливи победи остварија фаворитите Германија, Шпанија, Полска и Белгија.
Германија со 6.) ја совлада Ерменија која досега немаше пораз, Полска со 1:7 го совлада Сан Марино, Шпаија со 4:0 ја совлада Грузија додека Белгија со 3:0 славеше над Чешка.
Дербито на денот се одигра во Базел каде Швајцарија и Италија ги поделија бодовите играјќи без голови.

 

Резултати:

Група Б
Косово – Грција 1:1
Шпанија – Грузија 4:0

Група Ц
Бугарија – Литванија 1:0
Швајцарија – Италија 0:0

Група Е
Белорусија – Велс 2:3
Белгија – Чешка 3:0

Група И
Албанија – Унгарија 1:0
Англија – Андора 4:0
Сан Марино – Полска 1:7

Група Ј
Исланд – Македонија 2:2
Германија – Ерменија 6:0
Романија – Лихтенштајн 2:0

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Србија во изминатото деноноќие регистрирани 2.800 новозаразени и 21 починато лице

Следно

Никој не ни кажа дека тие фудбалери не можат да играат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian