ВИДЕО: Англичаните лесно со Андора, минимални триумфи на Бугарија и Албанија

1 min read

Репрезентацијата на Англија го задржа максималниот учинок во квалификациите за пласман на СП во Катар и по петтото коло.  „Гордиот Албион“ денеска немаше никакви проблеми и на „Вембли“ со 4:0 ја совлада Андора. Џеси Лингард постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Хари Кејн и Букајо Сака.

Селекцијата на Бугарија благодарение на голот на Ивајло Чочев во 82 минута ја совлада Литванија со 1:0 и ја оствари првата победа во квалификациите.


Албанија во Тирана пак со идентични 1:0 беше подобра од Унгарија во рамки на групата И. Голот вреден три бода и второ место на табелата го постигна Броја во 87 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МНР на Р. Бугарија: Бугарите во С. Македонија и понатаму се соочуваат со репресија, говор на омраза и нееднаков третман

Следно

Меркел: Мораме да разговараме со Талибанците за да ги евакуираме оние кои работеа според договорот од Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian