УС Опен: Зверев во осминафиналето, крај за првата носителка Барти

2 mins read

Александер Зверев се пласираше во осминафиналето на УС Опен откако Џек Сок го предаде мечот поради повреда и тоа при предност од 2:1 (3:6,6:2,6:3,2:1) во сетови за германскиот тенисер.

Сок успеа да го освои првиот сет на мечот, а за тоа му беше доволен еден брејк кој го направи во шестиот гем.
Во продолжение, Зверев ја презеде иницијативата, направи брејк веќе во вториот гем и поведе со 3:0, а потоа уште еднаш го одзеде сервисот на Сок и со 6:2 го освои вториот сет за израмнување.

Во третиот сет само еден брејк му беше доволен на Зверев за да прејде во водство од 2:1 во сетови, додека неговиот противник имаше видливи проблеми со повредата.

Во четвртиот сет кога го загуби својот сервис, Џек Сок одлучи да го предаде мечот. Александер Зверев во осминафиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.

Рејли Опелка продолжува со одличните игри во последно време и се пласира во осминафиналето по победата од 3:0 во сетови (7:6,5:3,6:4) над Николос Басилашвили, а изненадување направи Лојд Џорџ Харис од Јужна Африка кој го совлада десеттиот носител Денис Шаповалов со 6:4,6:4,6:4.

Во женска конкуренција се случи големо изненадување, првата носителка Ешли Барти е елиминирана од Американката Шелби Роџерс.
Роџерс славеше со 2:1 во сетови и тоа со 6:2,1:6,7:6 и во следнара рунда ќе игра против британската тинејџерка Ема Радукану која со 6:1,6:-0 ја победи Шпанката Сорибер Тормо.
Во рускиот дуел, Анастасија Пављученкова со 6:4,6:1 ја совлада Варвара Грачева со 6;4.6:1 и си закажа пресметка со Каролина Плишкова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По трет пат ТРЧАЈ БЕ во Битола

Следно

Маричиќ: Почна најважната статистичка операција од осамостојувањето досега

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian