Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска од 13 часот во Тампере ќе го игра третиот натпревар на Европското првенство против Турција.
Одбојкарите во првите две кола доживеаја два порази, од Финска со 3:1 и од Холандија која славеше со максимални 3:0. Денеска противник е селекцијата на Турција која е добро познат ривал и која има максимален учинок по првите две кола.
На двата квалификациски турнири кои се одржаа во Скопје, токму Македонија и Турција ги освоија првите две места и обезбедија пласман на ЕП, а учинокот бепе половичен за одбојкарите.
Првиот натпревар заврши со триумф на Турција од 3:1, додека на вториот со идентичен резултат победија македонските одбојкари.
Турските одбојкари кои ја имаат фаворитската улога, славеа во првите две кола на ЕП; прво ја совладаа Русија со 3:1, а во второто коло беа подобри и од Шпанија со идентични 3:1.