Талибанците сакаат дипломатски односи со Германија

1 min read

 Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан, сакаат Германија да воспостави дипломатски односи со нив и да им помогне. Ова за весникот „Велт ам Зонтаг” го изјави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид, јави ДПА.

„Сакаме силни и формални дипломатски односи со Германија”, рече тој.

Талибанците исто така би сакале да добијат финансиска поддршка и хуманитарна помош од Германија, како и други земји, за да соработуваат во здравството, земјоделството и образованието.

„Во минатото, Германците секогаш биле добредојдени во Авганистан, рече Муџахид. За жал, тогаш тие им се придружија на Американците. Но, сега им е простено”, рече тој.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека Берлин може да ја продолжи помошта за развој за Авганистан, но еден услов е Талибанците да формираат широка влада. Другите се дека треба да обезбедат да не ги засолнат терористите, да ги почитуваат човековите права, а особено женските права, да не го попречуваат пристапот до хуманитарна помош и да дозволат странци и ранливи Авганистанци да ја напуштат земјата.

Германија ја затвори својата амбасада во Кабул и ја прекина помошта откако талибанците ја преземаа власта минатиот месец. Сепак, Берлин вети дека ќе обезбеди хуманитарна и итна помош за поддршка на бегалците – и во Авганистан и во странство. Оваа помош ќе биде обезбедена преку хуманитарни организации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Совет на амбасадори: Разочарани сме, потребна е итна професионализација на дипломатијата

Следно

Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ откри тажна вест, повторно му е дијагностициран рак и се прости од пријателите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian