Талибанците го објавија новиот кодекс на облекување за студентките

2 mins read

Студентките од Аввганистан ќе треба да носат црни абаја (фустани) со никаб што ги покрива нивните лица и наставата ќе им се одвива во посебни училници само за девојчиња, според декретот издаден од новиот режим на Талибанците пред повторно отворање на приватните колеџи во земјата.

Студентките кои посетуваат настава мора да ги напуштат предавањата пет минути пред нивните колеги мажи и да чекаат во чекалната додека не ги напуштат предавањата, според декретот објавен вчера.

Факултетот ќе мора да најде професори кои ќе предаваат женски или постари машки професори, чии морални принципи се тестирани, се наведува понатаму во декретот.

Кога Талибанците првпат дојдоа на власт, помеѓу 1996 и 2001 година, скоро на сите девојки им беше забрането да учат. Беше задолжително да се носи бурка, која целосно ја покриваше главата, лицето и телото, а очите на жената беа покриени со мрежа.

Абаја, која ќе треба да ја носат студентки на приватни факултети, е широк и долг фустан што го покрива телото. Никаб го покрива лицето и ги остава очите отворени.

Меѓународната заедница со нетрпение го очекуваше одговорот на Талибанците за правата на жените. Луѓето од Авганистан, како и меѓународната заедница.

Кога станува збор за одделни предавања за девојчиња и момчиња, „ќе биде комплицирано да се примене во пракса“.

„Имено, немаме доволно професори или доволно сали за предавања за да ги разделиме девојчињата од машките“, изјави за АФП професор на факултет кој сакаше да остане анонимен. Сепак, тој додава дека „фактот што на девојчињата им е дозволено да посетуваат настава и да одат на предавања на колеџ, само по себе е доста значаен и позитивен”.

(Јутарњи лист)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одлична трка за Иџе, го освои шестото место на легендарната „Имола“

Следно

Кацаров: Можно е следната недела во Бугарија да биде дозволена трета доза вакцина против Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian