Тага во Италија, почина млад фудбалер на Јувентус

2 mins read

Младиот фудбалер на Јувентус Брајан Додиен почина на само 17-годишна возраст.
Уште од 2015 година кога Брајан имаше само 11 години му беше дијагностициран канцер. Веста за тешката болест го погоди

Пол Погба кој во 2015 година го носеше дресот на Јувентус и на натпреварот против Торино кога постигна гол, го соблече дресот и ја покажа маичката на која пишуваше „Со тебе сум, Брајан“.

Во 2019 година Брајан Доден му се врати на фудбалот, настапи за екипата на Јувентус до 15 години и тоа го воодушеви Погба.
„Каков благослов е што Брајан го победи ракот и го одигра првиот натпревар за Јувентус до 15 години. Горд сум на тебе пријателу. Ти благодарам што си ми инспирација на мене но и на многу други, се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша тогаш Погба кој веќе настапуваше за Манчестер јунајтед.

За жал, по две ипол години подоцна, Додиен ја загуби битката со тешката болест и тоа го погоди Пол Погба кој за смртта на младиот фудбалер дозна по натпреварот помеѓу Франција и Украина.
„Најтажни вести. Сочуство со сите оние кои тие беа блиски. Никогаш не е лесно да изгубиш некој кој го сакаш, но никогаш нема да те заборавам. Почивај во мир, Брајан“, напиша Погба на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba)

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: За успешен попис неопходна е соработката од сите граѓани

Следно

Востоличен Митрополитот Јоаникије, немири на улиците на Цетиње

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian